• четврток, 12 февруари 2026

Се одржа 15–то Армиско првенство во крос-кантри трчање

Се одржа 15–то Армиско првенство во крос-кантри трчање

Велес, 15 ноември 2023 (МИА) - Во организација на Генералштабот на Армијата на РСМ, денеска во Спортскиот реакреативен центар „Хиподром“ во Скопје, се одржа 15-то јубилејно Армиско првенството крос-кантри трчање на 8 000 метри за мажи.

Прв во севкупен пласман е Милош Ранчиќ,  втор Жан Тосев, а трет велешкиот атлетичар Роберто Димитриевски, кој е првопласиран од цивилните лица во трката.

На трката на 4 000 метри за жени, прва беше Теа Божиновска, втора Марија Пеликон, а трета Варвара Атанасовска.

Во денешната трка учествуваа над 130 мажи и исто толку жени атлетичари од Армијата, како и претставници од атлетските клубови и атлетичари од земјава.

Како што информираа за МИА организаторите, целта на оваа традиционална трка е популаризација на крос-кантри трчањето во земјава.

Роберто Димитриевски, атлетичар од Велес, за МИА истакна дека првенството било одлично организирано, а исто така и патеката.

- Пресреќен сум за оваа моја голема победа уште повеќе бидејќи е освоена на јубилејното 15-то Армиско првенство во крос-кантри трчање што ме прави уште повеќе горд и среќен за победата. Денешното првенство на кое учествувам, првпат беше можност да се натпреваруваме најдобрите атлетичари во земјава и тие од редовите на нашата Армија. Среќата и гордоста ми е уште поголема бидејќи еден од најдобрите меѓу нив сум и јас, кој го освоив во генерален пласман третото место во силна конкуренција заедно со припаднете на Армијата, а бев прв меѓу атлетичари од атлетските клубови во земјава учесници, потенцира Димитриевски.

Тој изминатата недела беше прв на маратонот на пет километри „Велес трча 2023“ што по повод Денот на општината го организира Општина Велес. Димитриевски најави дека се подготвува и за учество на Белградскиот маратон на крајот на декември.

ГШ на Армијата на наградените им додели дипломи и медали. ад/ир

 

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан