• недела, 24 ноември 2024

Се одржа 12-тата манифестација „Ден на гравот“ во тетовско Теарце, годинава земјоделците речиси без род

Се одржа 12-тата манифестација „Ден на гравот“ во тетовско Теарце, годинава земјоделците речиси без род

Тетово, 21 септември 2024 (МИА) – Во тетовско Теарце по 12-ти пат се одржа манифестацијата „Денот на гравот“ која има за цел промоција на најпознатиот земјоделски производ во регионот како и етно-културната разноликост на подрачјето. Посетителите на оваа манифестација како и секоја година имаа можност да присуствуваат на богата културно уметничка програма, која заврши со заеднички ручек со тазе подготвен грав.

- Оваа манифестација е важна од три аспекти. Економскиот аспект, не само што настанот помага во брендирање во овој производ туку помага и во вклучување на контакти помеѓу луѓето во државата и надвор од неа. Интеркултурен дијалог е вториот аспект, повеќе ги цениме работите што ни се заеднички отколку работите што не делат нас. Третиот аспект е рурален развој бидејќи сакаме да кажеме дека преку овој настан младите можат да бидат главни чинители во општеството, истакна гравот, изјави Метин Муареми од Центар за едукација и развој, организатори на манифестацијата.

Претседателот на Совет на Општина Теарце, Бесник Османи рече дека ова е пријатен настан за нашата општина и дека ја имаат нашата поддршка и земјоделците и организацијата затоа што е вреден настан за нашата општина и за нашите заедници што живеат тука.

Заменик министерот за земјоделство Флакрон Беџети посочи дека со субвенции државата се обидува да го поттикне одгледувањето на гравот.

- Овој фестивал привлекува над 1000 посетители секоја година станувајќи симбол на традицијата, културата и гостопримството на Теарце. Вашата работа е одличен пример како соработката и посветеноста носат резултати. Имајќи предвид дека овој регион е познат по производство на висококвалитетен грав, поволни климатски услови и плодни почви погодни за оваа култура, Министерството дава поддршка за одгледување на гравот, спроведување на некои одржливи мерки, за подобрување и з зголемување на производсвото на оваа култура, истакна Беџети.

Редовен учесник на оваа манифестација лиценцираниот производител на грав од селото Доброште, Среќко Анчески годинава за жал немаше да понуди грав за продажба.

- Годинава со гравот е катастрофа. Временските прилики, со над 35 степени повеќе месец, не дозволија гравот да го биде, го нападнаа и разни штетници. Само може да паметиме кога имало пред 10-15 години кога сме полнеле цели камиони и трактори со грав. На еден хектар давало 1500 до 3000 килограми на еден хектари, наназад годиниве се намали. Годинава поради топлото време е една од најнеплодните сезони, рече земјоделецот Среќко од тетовско Доброште.

Сепак и покрај таквата состојба, беше подготвен грав во голем казан според традицијата и послужен за сите посетители. На манифестацијата традиционално настапија културно уметничките друштва од трите националности македонска, албанска и турска кои живеат во регионот. Фестивалот годинава е дел од активностите организирани на европско ниво „Деновите на европскиот зелен појас“ преку саем на локални претприемачи, училишни изложби, рурално кино, традиционална храна, како и музика и танци од различни култури.

Преку штандови се претставија неколку училишта од регионот со разни изработки, подготвена храна, посадени растенија, пчелари и земјоделските производители. ас/аа/
Фото: МИА 

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан