• среда, 18 декември 2024

Се одржа комеморација по повод смртта на кралицата Елизабета Втора

Се одржа комеморација по повод смртта на кралицата Елизабета Втора
Лондон, 9 септември 2022 (МИА) - Комеморативна служба по смртта на кралицата Елизабета Втора беше одржана во катедралата Свети Павле во Лондон, во присуство на новата премиерка Елизабет Трас, а по тој повод беше интонирана првата официјална интерпретација на химната „Боже чувај го кралот“. Покрај премиерот и министрите во британската Блада, на службата присуствуваа и околу 2.000 граѓани, пренесува Скај Њуз. Трас се обрати на толпата и прочита дел од Посланието до Римјаните, една од книгите на Новиот завет. На почетокот на службата, публиката во аудио формат го слушаше првото обраќање на новиот британски крал Чарлс III како суверен, кој оддаде почит на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора и нејзиниот живот посветен на службата и вети дека ќе им служи на народот на Велика Британија и другите поданици доживотно. Службата заврши со интонирање на химната „Боже спаси го кралот“, што беше прва официјална интерпретација на зборовите на националната химна, по 70-годишното владеење на кралицата Елизабета Втора. Во химната се сменето зборовите, од „кралица“ во „крал“ за да го одбележи стапувањето на тронот на кралот Чарлс Трети. На комеморацијата не присуствуваа членови на кралското семејство. ссм/

Остани поврзан