• четврток, 26 декември 2024

Се одложува враќањето на Стеф Кари

Се одложува враќањето на Стеф Кари
Оукленд, 1 март 2020 (МИА) - Враќањето во игра на Стеф Кари ќе биде одложено некое време, објавија од Голден Стејт Вориорс. Се очекуваше бекот да го запише својот прв настап вечерва по 4 месеци пауза против Вашингтон, но тоа не се случи. Тимот од Калифорнија објави дека стрелецот не е во состојбата, во која се очекуваше да биде и неговото враќање ќе се случи „во одреден момент во март“. Кари се повреди а почетокот од кампањата кога доби скршеница на раката и мораше да биде подложен на операција. Тој оттогаш не играл, а без него „воините“ го имаат најлошиот скор во НБА - 12-47. „Стеф не беше особено задоволен од нашата одлука, но исто така разбра дека треба да бидеме што е можно повнимателни. Тој сакаше да игра, но не треба да брзаме и да му дадеме уште некое време“, рече тренерот Стив Кер.

Тагови

Остани поврзан