• четврток, 26 декември 2024

Се обновува патната инфраструктура во Берово

Се обновува патната инфраструктура во Берово
Берово, 15 август 2021 (МИА) - Се рехабилитира патната инфраструктура во Берово. Асфалтирана е улица „7“ и крак од улица „Задарска“, а како што информираа од општината, се рехабилитираше и дел од улицата „Вељко Влаховиќ". Вредноста на асфалтираните улици изнесува 2 милиони денари кои се обезбедени од буџетот на Оштина Берово за 2021 година.
- Продолжуваме посветено во подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Го финализиравме асфалтирањето на улица „7“ со крак кон улица „Задарска“ во должина од 67 метри и ширина од 5 метри и крак од улица „Вељко Влаховиќ“, посочија од општината.
Од општината информираа дека со рехабилитацијата опфатено е и асфалтирање на паркингот зад Здравствен дом во Берово.
- Новоасфалтираниот паркинг е на потегот зад Здравствениот дом и кејот во должина од 121 метар, со што се остранува тесното грло од автомобили кое се креираше на влезот од здравствениот дом, додадоа од општината.вс/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан