• четврток, 26 декември 2024

Се обврзуваме за правна држава и ветинг за имотот на политичари, порача Мицкоски

Се обврзуваме за правна држава и ветинг за имотот на политичари, порача Мицкоски
Скопје, 4 јули 2020 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва им порача на центарци дека правдата мора да завладее на секаде низ Македонија, во секој град на овие 25,000 квадратни километри. Тој пред жителите на Општина Центар рече дека несака многу да збори против опонентот СДСМ, иако за нив може да се говори цела вечер, за сите нивни неуспеси и срам кој што и го донесоа на Македонија и за сиот криминал и корупција. Но, Мицкоски рече дека е непотребно да се троши ни времето на граѓаните, ниту времето на македонската јавност. Тој искажа желба да говори за она што претстои, а тоа е обновата. И вети дека во програмата „Исправи се Македонијо, одбери обнова" граѓаните ќе можат да го прочитаат најбитното, а тоа е враќање на правната држава. -Во нашата читанка „Обнова" ќе го најдете она што е можеби најзначајно. А тоа е како да ја вратиме правната држава. Многу внимателно тим составен од врвни експерти, работеше во делот кој што ќе понуди реформи во правосудството. Правни експерти од Сиљановска - Давкова, Тања Каракамишева, Наумовски, Сашо Климовски, Менинковски и многу други кои дадоа се од себе за реформи во правосудството. Програма во која императив ќе биде почитување на законите во државата. Кога ветуваа правда, мир нашиот политички противник заедно со оние припадници на т.н „Обоена револуција" се сеќавате кога го најавуваа оној бројчаник во центарот на градот, па Заев велеше ќе вртел бројчаникот ќе ги враќал милијардите. Тие до вчера што беа режим сега му се верни слуги. Дехидрираа од негативности кон мене и ВМРО-ДПМНЕ. Но, ние ветуваме дека овој пат тој бројчаник навистина ќе проработи. И ќе започнеме со она што најмногу ги боли нашите сограѓани. А тоа е да провериме дали ние политичарите тоа што го поседуваме сме го стекнале на законит начин или на грбот на граѓаните. Еве јас и моето семејство се пријавуваме први да бидеме дел од тој ветинг на политичарите на македонската политичка сцена. И тоа ќе го примениме во првите шест месеци. А не да ја префрламе топката дека биле виновни судиите, обвинителите, администрацијата или народот, реч лидрот на ВМРО-ДПМНЕ. Овие не се обични избори, порача Мицкоски. Не само затоа што се случуваат во време на пандемија, туку и затоа што овие се избори кои што ќе треба да ја детерминираат иднината на државата. -Изборите ќе ја детерминираат иднината на нашите семејства, на нашите потомци, но исто така и ќе треба после овие избори да ги направиме горди и нашите претци кои што со живот го платиле ова што денеска ние го живееме. И тоа не е едноставно, бидејќи после 15-ти јули пред нас ќе дојде исклучително тежок период. Бидејќи ќе треба да си ја обновиме државата. Кога го слушате Никола Димитров како зборува за образ, или Заев како зборува за правда, тоа е исто како да го слушате Ал Капоне да зборува дека е невин. Тие и самите не си веруваат во тоа што го зборуваат, а камоли да ги убедат граѓаните. Но, да се вратам на суштината. Овие избори се ние да се одлучиме дали сме за корупција и криминал или за опција што ќе понуди решение за овие две многу проблематични рани кои што се протегаат изминативе години. Убеден сум дека народот, без разлика дали се Македонци, Албанци, Бошњаци, Срби, Власи, Турци и така натаму, секогаш се исправувал, обединувал пред предизвикот кога е најтешко. И заедно секогаш успевале да победат и појак и помногуброен противник. Така ќе биде и овој пат на 15-ти јули, порача Мицкоски. дма/

Остани поврзан