• недела, 24 ноември 2024

Се намалува цената на водата за пиење во Делчево

Се намалува цената на водата за пиење во Делчево
Делчево, 16 ноември 2021 (МИА) - Се намалува цената на водата и таксата за отпадни води во Делчево. Како што соопшти директорот на Јавното комунално претпријатие Стојче Стојковски, во наредните три години, делчевци согласно одлуката на Регулаторната комисија ќе плаќаат пониски цени од досегашните за потрошена вода за пиење и отпадни води. - Цената на водата за пиење за 2022 година во однос на 2021 година се намалува за 0,03 денари додека цената на канализацијата за 2022 година во однос на 2021 година се намалува за 1,8 денари. Намалувањето е утврдено по претходно донесената одлука за утврдување тарифа за снабдување со вода за пиење и на Одлуката за утврдување тарифа за собирање и одведување урбани отпадни води на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ за регулиран период 2022-2024 година, донесени од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, истакна Стојковски. Директорот на делчевското комунално претпријатие го презентираше и позитивното финансиско салдо на претпријатето за изминатите девет месеци. - Во рамки на девет месечниот извештај за финансиското работење на претпријатието сакам да информирам дека претпријатието за периодот од 01.01.21 до 30.09.21 година има остварени позитивен финансиски резултат од 766.998 денари. Односно, вкупно расходите се во износ од 35,1 милион денари, а остварените приходи се во износ од 35,8 милиони денари, додаде Стојковски. Претходно одлуката за намалување на цената на водата и отпадни води едногласно беше усвоена од страна на делчевскиот Совет. вс/цр

Остани поврзан