• четврток, 26 декември 2024

Се копа нов бунар за водоснабдување на валандовско Казандол

Се копа нов бунар за водоснабдување на валандовско Казандол

Валандово, 8 јули 2024 (МИА) - Денеска почна копањето на нов бунар за водоснабдување на селото Казандол откако досегашниот пресуши и скоро еден месец жителите на ова валандовско село беа без вода.

Жителите завчера реагираа на ваквата состојба и се пожалија дека се принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат и биле принудени со канистри да носат вода од Валандово за да можат да ги задоволат основните хигиенски потреби во домот, а проблемот дополнително го отежнуваат и високите температури.

Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, во саботата најави дека е најдено решение и денеска почна копањето на нов бунар за вода.

-Приватна фирма и „Комунален сервис“ денеска почнаа со копање нов бунар. Во изминатите денови им се доставува вода на жителите со цистерни и така ќе продолжиме до решавањето на проблемот. За целосно решавање на проблемот на наредната седница на Советот ќе донесеме одлука за приклучување на селото Казандол на општинската водоводна мрежа, изјави Костадинов.

Во Казандол живеат над 300 жители, а покрај проблемот со водоснабдувањето тие се жалат дека имаат проблеми со старата електрична мрежа што доведува до чести прекини кои некогааш траат и по неколку часови. рт/дма/

Фото: Општина Валандово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан