• среда, 27 ноември 2024

Се испитува одговорноста на пилотот за падот на пакистанскиот авион

Се испитува одговорноста на пилотот за падот на пакистанскиот авион
Исламабад, 29 мај 2020 (МИА) - Капетанот на пакистанскиот авион, во кој загинаа 67 патници и членови на екипажот, се приближил до аеродромот во Карачи и не јавил дека има проблем со контролирањето на командата за слетување, па трипати удрил во пистата, изјави висок пакистански официјален претставник. Истражителите ја пронајдоа црната кутија со снимка од разговорот во пилотската кабина, од кој се дознава дека пилотот иако добил предупредување од контролата на летот сепак продолжил со маневри за слетување, истакна портпарол на пакистанската авиокомпанија. Веднаш откако авионот „Ербас А320“ првпат удрил на пистата, а потоа се откажал од слетување, пилотот и јавил на контролата дека двата мотора престанале да работат. Истражителите допрва мораат да утврдат дали моторите престанале да работат поради ударот од пистата или постои друга причина. Црната кутија и снимките ќе бидат испратени во Агенцијата за авионски несреќи во Париз, каде ќе бидат детално анализирани. Падот на пакистанскиот авион го преживеаја само двајца патници. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан