Се инвестираат два милиони денари на штипската улица „Васил Доганџиски“
- Нови тротоарски површини и паркинг места ќе добијат жителите на улицата „Васил Доганџински“ во Штип. Градежните активности почнаа од денеска, откако жителите од оваа улица реагира дека не се безбедни кога се движат по тротоарите и на улицата, бидејќи се узурпираат од страна на возачи, кои избегнуваат да си платат паркинг во централното градско подрачје.
Штип, 28 ноември 2024 (МИА) - Нови тротоарски површини и паркинг места ќе добијат жителите на улицата „Васил Доганџински“ во Штип. Градежните активности почнаа од денеска, откако жителите од оваа улица реагира дека не се безбедни кога се движат по тротоарите и на улицата, бидејќи се узурпираат од страна на возачи, кои избегнуваат да си платат паркинг во централното градско подрачје.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека најпрво ќе се уредуваат тротоарските површини, а веднаш потоа ќе се постави асфалтен слој на дел од улицата, ќе се поплочи и атмосферскиот канал, со цел граѓаните добијат повеќе паркинг позиции. Посочува дека повеќе од еден милион денари од буџетот на општината се одвоени за тротоарските површини и еден милион денари за асфатирањето на улицата, како и за поплочувањето.
-Досега имавме чести реакции од жителите на оваа улица, заради небезбедноста на пешаците, на минувачите на истата оваа улица и не уредените тротоарски површини. Започнуваме во неколку фази со решавање на овој проблем. Најпрво ќе се обидеме да ги истретираме тротоарските површини и во овој момент се започнати активностите за уредување на тротоарските површини, со што повеќе од еден милион денари од буџетот на Општина Штип, од парите на граѓаните, потрошени за тротоарски површини, кои досега не биле предевидени и истретирани, изјави Јорданов.
Јорданов истакна дека со градежните активности на улицата „Васил Доганџиски“, која се наоѓа во непосредна близина на две училишта, Факултетот за медицински науки и Библиотеката „Гоце Делчев“ пешаците ќе имаат и поголема безбедност, како учесници во сообраќајот. вдј/сст/
Фото: МИА