• недела, 24 ноември 2024

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“
Њујорк, 4 ноември 2021 (МИА) - Гледачите на серијата „Сексот и градот“ наскоро, на платформата „Ер-Би- Ен-Би“ ќе имаат можност да изнајмат стан уреден во стилот „Кери Бредшо“. Како дел од претстојното продолжение на серијата, насловено „And Just Like That“, Сара Џесика Паркер потпиша соработка со платформата за сместувања и „Ворнер брос“. Имено, на обожавателите им се нуди ноќевање во апартман во населобата Апер Ист Сајд во Њујорк. Резервациите ќе можат да се направат од понеделник, 8 ноември од 12 часот на интернет-страницата. Само на 12. и 13 ноември гостите ќе можат да преноќат за 23 долари - во чест на 23-годишнината од „Сексот и градот“. - Ликот на Кери Бредшо ми е многу драг и мило ми е што имам можност повторно да бидам дел од нејзиниот свет. Возбудена сум што нашата публика ќе го доживее Њујорк на Кери како никогаш досега и ќе види како е „да се биде во нејзините чевли“, буквално!, рече Сара. Во станот има бројни мотиви д главната хероина од серијата, а меѓу нив се лаптоп и стар телефон. Има и ланче „Кери“. Гостите ќе можат да ја носат нејзината облека, вклучувајќи го и здолништето од воведната најава.  си/сд/ https://youtu.be/oPDWRUlINWw

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан