• сабота, 21 декември 2024

Се избори со коронавирусот и се врати со „хет-трик“ за 8 минути (видео)

Се избори со коронавирусот и се врати со „хет-трик“ за 8 минути (видео)
Далијан, 26 јули 2020 (МИА) - Поранешниот играч од средниот ред на Евертон и Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини постигна „хет-трик“ за победата на неговиот сегашен тим Шандонг Луненг од 3:2 над Далијан Про во првото коло од кинескиот шампионат. Поранешниот напаѓач на Вест Бромвич, Саломон Рондон го отвори резултатот за домаќините од Далијан во 57-та минута. Но, тогаш дојде sвездениот момент на Фелаини, постигнувајќи „хет-трик“ од голови со глава за само осум минути - 79, 83 и 86-та. Уште поимпресивен е фактот дека Белгиецот помина неколку недели во болница во март и април затоа што беше заразен со коронавирус. Неговите голови се покажаа како доволни за успехот на Шандонг, бидејќи тимот на Марек Хамшик постигна само уште еден гол, постигнат од Маркус Даниелсон во продолжението. https://www.youtube.com/watch?v=YnTSxC-dDkE&feature=emb_title

Тагови

Остани поврзан