• среда, 25 декември 2024

Се зголемува фреквенцијата на премините „Блато“ и „ЏепиштеТребиште“ кај Дебар

Се зголемува фреквенцијата на премините „Блато“ и „ЏепиштеТребиште“ кај Дебар

Дебар, 23 јули 2024 (МИА) - Се зголемува фреквенцијата на двата гранични премини на македонско-албанската граница, кај Дебар, пред сè на преминот „Блато“, посебно овој месец, кога голем број македонски граѓани заминуваат на одмор на албанското крајбрежје.

- Во периодот први до 21 јули годинава на граничниот премин „Блато“ на влез во РСМ регистрирани се 26.497 патници, додека на излез 22.887 патници. Споредбено со овој извештаен период, минатата година за влез на овој премин евидентирани биле 23.603 патници, а на излез 22.466 патници, потврдија за МИА, од Министерството за внатрешни работи.

Поголема фреквенција се забележува за време на викендите. Така, изминатиот викенд на влез во нашата земја регистрирани се 4330, а на излез 3812 патници.

- На вториот граничен премин, Џепиште-Требиште, кој е од локален карактер и работи од 8 до 20 часот, во период од први до 21 јули на влез во РСМ регистрирани се 1.227 патници, што е за 143 патници повеќе, додека на излез 1.225 патници или за 166 патници повеќе. Последниот викенд на овој премин на влез на македонска територија евидентирани се 202 патника, а на излез 206 патници, нагласуваат од МВР.

На двата премина фреквенцијата се очекува да се зголемува, последните денови од овој и првите денови од идниот месец и поради масовното доаѓање во родните места на иселениците од дебарскиот регион и областа Голо Брдо. вт/цр

Фото: МИА 

Остани поврзан