• четврток, 26 декември 2024

Се зголемува тензијата меѓу САД и Кина во Тихиот Океан

Се зголемува тензијата меѓу САД и Кина во Тихиот Океан
Вашингтон, 15 јуни 2020 (МИА) - Откако американската војска, првпат по долги години распореди носачи на авиони во Тихиот Океан, веднаш реагираше Кина, чии државни медиуми објавија дека Пекинг нема да се откаже од одбрана на своите интереси во регионот. Според соопштението на американската морнарица, носачите на авиони „Роналд Реган“ и „Теодор Рузвелт“ патролираат низ западниот дел на Пацификот, а бродот „Нимиц“ се наоѓа на исток. Секој од овие бродови носи повеќе од 60 авиони, што претставува најголемо присуство на американски носачи во Тихиот Океан по 2017 година, кога тензиите со Северна Кореја околу нуклеарната програма беа на највисоко ниво. Кинескиот „Глобал тајмс“ пишува дека американските носачи на авиони можат да бидат закана во спорното Јужно Кинеско Море. - Со носачите на авиони, САД сакаат да му покажат на целиот регион, па дури и на светот, дека се уште се најмоќна поморска сила, бидејќи можат да влезат во Јужното Кинеско Море и им се закануваат на кинеските трупи на островите Сиша и Нанша, изјави за весникот поморскиот експерт Ли Џе. Во извештајот се истакнува дека Пекинг може во знак на одговор да изведе воени вежби за да ја демонстрира својата моќ и предупредува дека Кина поседува оружје, како што се балистички ракети наменети за уништување на носачи на авиони. гт/

Тагови

Остани поврзан