• среда, 27 ноември 2024

Се зголемува минималниот праг на ИПАРД инвестициите, за малите производители поддршка преку националните програми

Се зголемува минималниот праг на ИПАРД инвестициите, за малите производители поддршка преку националните програми

Скопје, 4 март 2023 (МИА) - Земјава е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД средствата, но не и по „тежината“ на реализираните инвестиции. Тоа го покажуваат официјалните бројки - ако кај нас просечната исплатена инвестиција е 23 000 евра, во Албанија, на пример, изнесува 180 000 евра.

Малите инвестиции, некои и по максимум 1 000 до 1 500 евра, за кои досега се аплицираше преку ИПАРД Програмата, ја обременуваа Платежната агенција зашто и за нив, како и за инвестициите од над 50 000 евра, исто е времето на обработка на податоците. Со тоа се пролонгираше и реализирањето на ИПАРД повиците.

Поради ваквите „слабости“, со имплементацијата на ИПАРД 3 е предвидeнa новина - да се зголеми минималниот праг на инвестициите. За различните мерки минималните прагови ќе бидат различни, како што беше и досега во ИПАРД 1 и ИПАРД 2, но, ако за мерката 1 порано минималниот праг беше 1 000 евра, сега се предлага да биде 20 000, за мерката 3 досега беше 10 000 евра, а се предлага да биде 50 000 евра, додека за мерката 7 каде минималната инвестиција беше 1 500 евра, сега се проценува да биде 10 000 евра.

Како што вели директорот на Платежната агенција Никица Бачовски, ИПАРД практично ќе ги „преземе“ поголемите инвестиции, а помалите ќе „одат“ преку националните програми за поддршка. На овој начин, не само што ќе се растовари работата на Платежната агенција, туку и ќе се зајакнат и окрупнат помалите земјоделски производители и бизниси кои потоа, кога ќе станат поголеми, би аплицирале за поголеми инвестиции и повисоки средства од ИПАРД.

Субвенциите ќе се исплаќаат редовно. Пандемијата и наредната година нема да влијае врз нивната реализација. Средствата за оваа ставка се обезбедени. Наше е да создаваме услови за развој на аг

-Според анализите што ги направивме, во земјава се исплаќа просечно најмала реализирана ИПАРД инвестиција што значи дека има претежно мали инвестиции што ги поддржуваме преку ИПАРД. Тоа, од друга страна, го зголемува обемот на работа на Платежната агенција. Апликација од 5 000 евра и од 20 000 евра одзема исто време во делот на обработката. Тоа се документите, тоа се процедурите. Кај нас просечна исплатена инвестиција е 23 000 евра, а во Албанија 180 000 евра, истакнува Бачовски.  

Негова оценка е дека зголемувањето на минималните прагови, нема да ја намали заинтересираноста за аплицирање. 

-Очекуваме, по моја некоја проценка, дека нема да дојдеме во ситуација да немаме заинтересирани или да нема апсорпција на средства. Напротив. Сметаме дека ќе се забрза работата на Агенцијата и кога ќе биде објавен повик, наместо 2 000, можеби ќе стигнат 700 апликации, но, веруваме, со иста побарана финансиска поддршка. Така, наместо тој повик да го работиме 7 - 8 месеци, би го завршиле за пет и многу побрзо ќе има нов повик. Практично, ќе овозможиме почесто објавување повици, на поредовна база, а верувам дека искористеноста ќе се заврши на исто ниво. Сега, иако се радуваме што имаме поголеми ИПАРД средства, тоа е сериозен буџет и за нас како Агенција, но и за корисниците и треба да го ставиме во функција, дециден е Бачовски. 

Тој најавува и дека за подобра информираност околу оваа новина, пред објавувањето на јавните ИПАРД повици ќе следува кампања.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, значително е намалено времето на чекање за потпишувањето на ИПАРД договорите, но ефикасноста на Платежната агенција може да биде уште поголема. 

-Ако просекот на ИПАРД 1 за чекање на потпишување договори беше 18 месеци, сега е четири. Тоа е и целта на зголемувањето на минималните прагови за инвестиции, да се забрза работата на Платежната агенција, но и да се зголеми искористеноста на средствата. Границата, висината на минималните прагови, сакаме да бидат минимум 20 000 евра. Зошто? Досега имаше ИПАРД проекти кои беа заглавени во Платежната агенција или директорот потпишуваше договори за проекти од 1 000 евра кои ги главеа другите многу поголеми и посуштински проекти. Целта ни е сите мали производители и старт-ап агро бизниси да ги користат различните други поддршки од националните програми – продажба од куќен праг, мали винарии, дестилерии, бизнис план, а во ИПАРД да влезат со поголеми проекти, односно инвестиции, објаснува Николовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе учествува на 16. работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, што ќе се одржи во Бу

Според него, помалите производители имаат „ветер во грб“ преку програмите од МЗШВ, а, дополнително, за поголеми инвестиции ќе можат да ја користат и ИПАРД. Предочена им е идејата да се регистрираат како задруги за на тој начин да ги користат ИПАРД мерките.

-На пример, и семејните винаарии, како физички лица, имаат опција да користат ИПАРД. Не можат да се јават за мерка 3 која главно се занимава со преработка зашто таа е само за правни лица, но во мерка 1 постои „процесирање на фарма“, па оној што е семејна винарија како физичко лице, а има сопствени капацитети од кои може да прави преработки, ќе може да аплицира за опрема, дообјаснува Бачовски.

Првиот ИПАРД 3 повик треба да биде објавен оваа година и се очекува да „тежи“ над 30 милиони евра. Тоа, како што нагласува министерот Николовски, е повеќе од половина од претходната седумгодишна ИПАРД 2 програма, која изнесуваше вкупно 60 милиони евра.

ИПАРД 3 е проектирана на 97 милиони евра, а покрај веќе акредитираните, предвидува и четири нови мерки: „инвестиции во рурална јавна инфраструктура“ – наменета за рурални места за инвестиции во патна инфраструктура, водовод, канализација,..., „лидер – наменета за финансирање на активности и проекти што ќе се реализираат преку локалните акциски групи (ЛАГ-ови), „агроекологија, клима и органско производство“ – за финансирање активности за еколошко и органско земјоделско производство кое ќе придонесе за заштита на животната средина и надминување на влијанието од климатските промени, „советодавни услуги“ – за советодавни пакети/услуги за земјоделски производители и рурално население кои ќе се реализираат преку Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството. 

Мирјана Чакарова

фото: МИА архива

Остани поврзан