• четврток, 26 декември 2024

Се зголемува бројот на заразени со Ковид-19 во Црна Гора, оставки на членови на Кризниот штаб

Се зголемува бројот на заразени со Ковид-19 во Црна Гора, оставки на членови на Кризниот штаб
Подгорица, 7 септември 2020 (МИА) - Д-р Немања Радојевиќ денеска поднесе оставка од членството во кризниот медицински персонал формиран од Црногорското национално координативно тело за инфективни болести (НКТ). Тој рече дека оставка поднел и шефот на Штабот, проф. д-р Ранко Лазовиќ. - Веќе неколку месеци сме сведоци на предизборни и постизборни настани. Тешко е да не се најде аналогија со Иво Андриќ за чума и колера кога рече дека болестите се менуваат, а однесувањето не. Целта е здравјето на луѓето. Поднесов оставка на седницата на кризниот медицински штаб, која заврши пред еден час, рече Радојевиќ. Кризниот медицински штаб беше формиран од НКТ на 25 март, со цел да ги преземе сите активности потребни за продолжување на успешното соочување на Црна Гора со пандемијата на коронавирус и управувањето со целиот црногорски здравствен систем во наредниот период. Директорот на Институтот за јавно здравје Бобан Мугоша, на прес-конференцијата на НКТ изјави дека епидемиолошката состојба во Црна Гора станува сè покомплицирана и дека за тоа придонеле и најновите настани во земјата. - Бројот на пациенти е загрижувачки, и без оглед на сè што се случува - мерките остануваат исти, ако сакаме да спречиме понатамошен раст на инфекцијата. Тоа се мерки што постојано ги повторуваме, а тие се носење маски, физичко растојание, избегнување собири со многу луѓе, одржување на хигиената на рацете, додаде тој. Во Црна Гора, регистрирани се 106 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни е 100, а од почетокот на годината 109. Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора во моментов е 1278. Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирус е 5.659. ссм/

Остани поврзан