• четврток, 26 декември 2024

Се зголемува бројот на заразени и починати од Ковид-19 во Латинска Америка

Се зголемува бројот на заразени и починати од Ковид-19 во Латинска Америка
Мексико Сити, 22 јули 2020 (МИА) - Бројот на смртни случаи во Мексико, како последица од новиот коронавирус, надмина 40.000 лица, изјави на прес-конференција главниот епидемиолог во земјата Хосе Луис Аломија. Мексиканското Министерство за здравство соопшти дека за едно деноноќие се потврдени 6.859 новозаразени и 915 починати од Ковид-19. Со тоа внупниот број во државата изнесува 356.255 инфицирани и 40.400 смртни случаи. Полицијата во Боливија во последните пет дена открила над 400 безживотни тела низ улиците и во домови. Од нив, 85 отсто биле заразени со коронавирус. Според официјалните податоци, од почетокот на епидемијата досега во Боливија починале над 2.200 луѓе. Во Колумбија бројот на жртви од Ковид-19 е повеќе од 7.000, откако во последните 24 часа починале 237 лица. Вкупниот број на заразени во земјата изнесува 211.038. Престолнината Богота и вториог град по големина во земјата, Меделин, се под целосен карантин, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и да се избегне колапс на здравствениот систем. Во Бразил во последното деноноќие се регистрирани 41.008 заразени и 1.367 смртни случаи. Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во земјата има околу 2,2 милиона заболени лица и 81.487 починати. гт/

Остани поврзан