• среда, 25 декември 2024

Се зголемува бројот на загинати од потонатиот брод кај грчкиот остров Евија, пронајдени безживотните тела на 22 лица

Се зголемува бројот на загинати од потонатиот брод кај грчкиот остров Евија, пронајдени безживотните тела на 22 лица
Атина, 3 ноември 2022 (МИА) – Телата на 11 мажи, шест жени и пет деца, односно на вкупно 22 лица досега се пронајдени и извлечени во близина на грчкиот остров Евија во спасувачката акција на крајбрежната служба на Грција, откако во вторникот потона едрилица со мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба соопштија дека во операцијата за потрага и спасување што започна во раните утрински часови на 1 ноември, спасени се вкупно 12 мажи, а извлечени се 22 тела. Според тврдењата на спасените на едрилицата имало 68 мигранти, што значи дека 34 лица сè уште се исчезнати. ср/зш/ Фото: Крајбрежна служба на Грција

Остани поврзан