• среда, 25 декември 2024

Се зголемува бројот на загинати во вчерашниот руски напад врз Одеса и Суми

Се зголемува бројот на загинати во вчерашниот руски напад врз Одеса и Суми

Киев, 19 ноември 2024 (МИА) – Бројот на загинати во вчерашниот руски напад на пристаништето Одеса, на југот на Украина, се искачи на најмалку 10 загинати и 43 ранети, соопштија украинските спасувачки служби.

Регионалниот гувернер Олег Кипер изјави дека меѓу загинатите има седум полицајци, еден член на медицински персонал и двајца граѓани.

Градоначалникот на Одеса Генадиј Труханов претходно изјави дека Русите истрелале ракета кон станбена и комерцијална зона. Според првите снимки од очевидци пренесени на социјалните мрежи, се гледаат тела, запалени возила и зграда зафатена со прашина и чад.

Руска балистичка ракета со касетно оружје погоди станбена област во северниот украински град Суми, при што загинаа 11 лица, меѓу кои две деца, а 84 лица беа ранети. Во нападот прексиноќа на Суми, кој е на 40 километри од руската граница, оштетени се 15 згради, меѓу кои и две училишта, соопшти регионалното обвинителство, пренесува Бета.

Русија во последните денови ги интензивира нападите врз Украина. Во текот на викендот го зголеми бројот на ракетни и беспилотни напади врз украинските градови и нејзината енергетска инфраструктура. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан