• среда, 18 декември 2024

Се зголемуваат загубите на Боинг, 10 отсто од вработените ќе бидат отпуштени

Се зголемуваат загубите на Боинг, 10 отсто од вработените ќе бидат отпуштени

Њујорк, 12 октомври 2024 (МИА) – Американската компанија „Боинг“ ќе ја намали работната сила за десет проценти – за околу 17.000 луѓе, додека загубите на компанијата се зголемуваат, а штрајкот на машинистите, поради кој е прекината работата во оваа фабрика за авиони, влегува во својата петта недела.

Американската компанија нема да го испорача својот сè уште несертификуван авион со широк труп 777X до 2026 година, со што се доведува во прашање планот кој доцни веќе шест години, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Во август, Боинг го прекина тестирањето на овој модел на авион кога откри структурно оштетување на еден од нив.

Остани поврзан