• четврток, 28 ноември 2024

Се затвора и  „Старбакс“ во Сиетл - градот во кој е создаден брендот

Се затвора и  „Старбакс“ во Сиетл - градот во кој е создаден брендот

Сиетл, 25 ноември 2022 (МИА) - „Старбакс“ (Starbucks) го затвора своето кафуле во Сиетл, САД, каде што вработените неодамна основаа синдикат - а ова е градот каде што е основан светски познатиот синџир, jaви ДПА.

Кафулето ќе се затвори на 9 декември. Гласноговорникот на компанијата како мотив ги наведе „безбедносните проблеми“. Ова не е првото кафуле од синџирот што се затвора поради оваа причина. Синдикалците сметаат дека ваквата одлука е донесена како мерка за спротивставување на нивните дејности. „'Старбакс' и Хауард Шулц (главниот извршен директор на синџирот, б.п.) си играат со животите на работниците. Тие не ги почитуваат не само правата на своите работници, туку ни законите на оваа земја“, се вели во соопштението на синдикатот „Старбакс - обединети работници“. Ова е четврт угостителски објект од брендот со синдикат на вработените лица, што е затворен од јули досега, нагласува Синдикатот, додавајќи дека тие ќе поднесат тужба против компанијата. Првиот синдикат на вработени во „Старбакс“, е основан декември 2021 година, во градот Бафало во американската сојузна држава Њујорк.  си/сд/

Остани поврзан