• понеделник, 07 октомври 2024

Се запали автомобил на регионалниот пат Неготино-Градско

Се запали автомобил на регионалниот пат Неготино-Градско

Велес, 8 септември 2024 (МИА) - Во ОВР Неготино во 8:48 часот  било пријавено дека покрај регионалниот пат Неготино-Градско, во нива кај место викано „Ѓоларија“ настанал пожар на патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на С.С. од село Виничани, општина Градско, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Појаснува дека од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино. ад/аа/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан