• сабота, 28 декември 2024
Се доуредува шеталиштето во Штип

Штип, 23 септември 2024 (МИА) - Продолжуваат градежните активности на шеталиштето на улицата „Ванчо Прќе“ во Штип. По завршување на манифестацијата „Пастрмалијада“ градежната фирма од денеска повторно работи на доуредување на шеталиштето, истакна денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Посочи дека се уште не е завршен техничкиот прием за шеталиштето, бидејќи мора да се постави урбана опрема, но и да се доуреди.

-Активностите за доуредување на шеталиштето „Ванчо Прќе“ продолжуваат во наредниот период, по завршување на манифестацијата „Пастрмалијада“. Како што бевте информирани заради организирање на познатата манифестација оваа улица беше оспособена за да служи привремено како шеталиште на самата манифестација. Морам да напоменам дека во наредните денови ќе се работи на поставување на урбана опрема, жардињери, садници, на сето она коешто го предвидува самиот проект. Исто така ќе се преуредуваат и самите плочници, вели Јорданов.

Тој на денешната прес-конференција рече дека ова е првата фаза, додека втората фаза е уредување на станбените згради, кои се долж шеталиштето.

Инаку, МИА вчера информираше дека во текот на видендов на позната манифестација „Пастрмалијада“ на штандовите се продадени околу 30.000 пастрмајлии, а викендов Штип бил посетен од 40.000 до 50.000 луѓе од земјава и странство. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан