• недела, 28 јули 2024

Се доуредува паркот во штипската населба Баби

Се доуредува паркот во штипската населба Баби

Штип, 23 јануари 2023 (МИА) – Нова урбана опрема, летниковци до веќе постоечкиот спортско рекреативен центар ќе добие паркот во населба Баби во Штип. Градоначалникот Иван Јорданов, најави дека градежните активности на терен веќе се во тек и се очекува да завршат до пролет кога граѓаните ќе може целосно да уживаат во просторот во оваа населба.

-Пред една година ветувме дека најголемата населба во Општина Штип, ќе добие нов, современ, модерен парк. Започнавме со дооформување, со една целина на постоечкиот парк. Ќе се работи на нови содржини, на поставување на урбана опрема, на нови спортски и детски реквизити, веднаш до постоечкиот парк со нови летниковци и урбана опрема. Градежните активности ќе се одвиваат во наредните неколку месеци се со цел веќе напролет оваа површина, овој парк да го користат жителите од населба Баби, вели Јорданов.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од буџетот на Општина Штип и Бирото за рамномерен регионален развој.

-Вкупната инвестиција изнесува 4,5 милиони денари. Општина Штип заедно со Бирото за регионален развој го инвестира овој проект и со завршувањето на овој проект ќе го реализираме нашето предизборно ветување дека населба Баби ќе добие модерен и современ парк, онака како што доликува на најголемата населба во град Штип, рече Јорданов. вдј/цр

Тагови

Остани поврзан