• четврток, 13 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Се гради спортска сала во кавадаречко Марена 

Се гради спортска сала во кавадаречко Марена 

Кавадарци, 12 март 2025 (МИА) – Се гради спортска сала во кавадаречкото село Марена, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

Од Кабинетот информираа дека спортската сала е со корисна површина од 400 метри квадратни, во рамки на подрачното општинско училиште „Страшо Пинџур“.

– Продолжува изградбата на спортската сала во село Марена, со корисна површина од 400 квадратни метри, што ќе биде во склоп на подрачното општинско училиште ,,Страшо Пинџур’’. Инвестицијата е на Општина Кавадарци во висина од 22.000.000 денари, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Изведувач на работите е фирмата „Градба промет". свд/ра

Фото: ФБ Митко Јанчев

 

Остани поврзан