• четврток, 05 март 2026

Се гради паркинг на улицата „Димо Хаџи Димов“ во општина Кисела Вода

Се гради паркинг на улицата „Димо Хаџи Димов“ во општина Кисела Вода

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во градежните активности за изградба на нов паркинг простор лоциран на улицата „Димо Хаџи Димов“.

Новиот паркинг ќе располага со капацитет од 21 паркинг место, со вкупна површина од 326 квадратни метри. Покрај паркингот, се изведува и атмосферски приклучок со што ќе се спречи задржувањето на водата при врнежи, а ќе биде поставено и ЛЕД осветлување за поголема прегледност и безбедност во ноќните часови.

- Уредувањето на сообраќајот во мирување е континуиран процес на кој работиме постојано. Со овој зафат на улицата „Димо Хаџи Димов“ создаваме функционален простор со 21 паркинг место кој директно ќе им го олесни секојдневието на жителите. Ни беше важно паралелно со паркингот да го решиме и атмосферскиот одвод и да обезбедиме осветлување, за просторот да биде целосно функционален и безбеден за граѓаните - изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. сст/вг/

Фото Општина Кисела Вода 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан