• четврток, 26 декември 2024

Се градат помошни простории за потребите на месните заедници во неколку каменички села

Се градат помошни простории за потребите на месните заедници во неколку каменички села
Македонска Каменица, 10 септември 2021 (МИА) - Месните заедници во неколку каменички села ќе добијат помошни простории што ќе ги користат за сопствени потреби. Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Буџетот на Општина Македонска Каменица. - Со проектот за изградба на згради и помошни објекти за потребите на месните заедници, чија реализација веќе започна, во оваа фаза ќе бидат опфатени селата Саса, Луковица, Тодоровци и Костин Дол, информираа од Општината. Во изминатиот период, такви објекти за потребите на месните заедници беа изградени и во останатите селски средини во Општина Македонска Каменица. - Во рамки на активностите ќе бидат поставени и армирано-бетонски настрешници во рамките на постоечките објекти. Со реализацијата на овој проект  сметаме дека значително се подобрува квалитетот на живот во селските средини, додадоа од Општината. Оттаму додадоа дека во тек се и активности за изградба на дел од локалните патишта во неколку маала во каменичките села Цера и Саса, со што подобрувањето на квалитетот на живот во селските средини како што дополнија ќе продолжи со засилено темпо. вс/свс/

Остани поврзан