• вторник, 24 декември 2024

Се гасне интензивно пожарот над штипските села на планината Серта

Се гасне интензивно пожарот над штипските села на планината Серта

Штип, 19 јули 2024 (МИА) - Интензивно се гасне пожарот над штипските села Селце, Пухче и Драгоево на планината Серта. Утринава од воздух дејствуваа и два хеликоптери.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданова попладнево за МИА изјави дека пресеци на планината се направени во непосредна близина на селата.

- Тешко одеше правењето на планинските пресеци бидејќи станува збор за стрмен дел на планината. Огнените јазици интензивно се гаснат од земја, од страна на пожарникарите од ТППЕ-Штип, Пробиштип и Кочани, припадниците на Армијата и полицијата, ЈП „Македонски шуми“ и месното население. Комуналните претпријатитија на Штип и четири градежни компании се вклучија во гаснењето на пожарот со градежна механизација, изјави Јорданов.

Јорданов информира дека будно се следи состојбата бидејќи огнот во овој период од денот поради високите температури се разгорува. вдј/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан