• петок, 15 ноември 2024

Се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија за експлозијата во Керамидница

Се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија за експлозијата во Керамидница

Скопје, 14 ноември 2024 (МИА) - Се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат одредени сознанија во врска со експлозијата во семејна куќа во Керамидница во која беше повредено едно лице. 

Од Јавното обвинителство информираа дека по наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видео надзорот на објектите и дека подигнатите траги од местото на настанот ќе бидат предмет на вештачење. 

Дел од медиумите јавија дека се работи за Раде Трајковски-Штекли, кој досега двапати беше мета на напад. Минатата година кон него беше пукано во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје. 

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот.

- Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош, соопшти МВР.

Повредениот е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а според информациите во дел од медиумите, е надвор од животна опасност. 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски во врска со овој случај најави безкомпромисна борба против организираниот криминал. - Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска, но, соодветно, одлучно и сурово како институции ќе одговориме на сите оние кои што го „реметат“ мирот на македонските граѓани, рече денеска Тошковски. бак/aa/

Фото: МИА

Остани поврзан