• среда, 25 декември 2024

Се врати во Работнички - Баже Илијоски асистент на Достаниќ

Се врати во Работнички - Баже Илијоски асистент на Достаниќ
Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) - Работнички беше максимално активен на пазарот во зимскиот преоден рок. Ангажира дури девет фудбалери, реализира квалитетни подготовки во Анталија, а од денеска има освежување и во стручниот штаб. Клубот од Градски парк го промовира Баже Илијоски во асистент на тренерот Ратко Достаниќ. Обајцата ги очекува напорна работа и голем предизвик во пролетниот дел од сезоната во која дебармаалци ќе треба да го сочуваат прволигашкиот статус со оглед дека есеноска завршија како фенерџии на табелата. сѓд/

Остани поврзан