• среда, 25 декември 2024

Се влошуваат односите помеѓу Израел и Русија

Се влошуваат односите помеѓу Израел и Русија
Ерусалим, 24 јули 2022 (МИА) – Односите помеѓу Израел и Русија се влошени откако Москва иницира процедура за затворање на агенцијата која им помага на руските Евреи да емигрираат во Израел. - Руската одлука да ја затвори агенцијата што ја обработува еврејската имиграција во Израел е сериозен настан што ќе влијае на билатералните врски, истака израелскиот премиер Јаир Лапид. Московскиот суд минатата недела соопшти дека Министерството за правда побарало затворање на еврејската агенција поради наводни прекршувања на законот, што не се јавно прецизирани и закажа рочиште за 28 јули. Затворањето на агенцијата може да се протолкуваа како предупредување од Кремљ до Лапид, кој има поостра реторика за украинскиот конфликт од поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет, кој се повлече на 1 јули. Лапид по одлуката наредил „правната делегација да оди во Москва, откако ќе биде добиено руското одобрение за разговори и да вложи максимални напори за исцрпување на правниот дијалог“. ми/

Остани поврзан