• недела, 28 јули 2024

Се асфалтира продолжението на булеварот „Благоја Тоска во Тетово, по надминување на последниот спор за експропријација

Се асфалтира продолжението на булеварот „Благоја Тоска во Тетово, по надминување на последниот спор за експропријација
Тетово, 26 ноември 2022 (МИА) - Почна асфалтирањето на продолжението од булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово од мостот кај болницата до текстилното училиште. Асфалтирањето почна да се прави во обратна насока од текстилното училиште кон болницата, со оглед дека се уште треба да се руши последната куќа пред мостот за која спорот околу експропријацијата се надмина овој месец. -Денеска сме тука да направиме увид на работите. Оваа делница значително ќе влијае на подобрување на сообраќајот и ќе го олесни слободното движење на граѓаните. Како што ветивме за една година стана реалност и оваа улица ќе биде со европските стандарди, подземни инсталации, водовод, канализација, осветлување, троатоари. Сега овој дел од градот ќе добие нов лик ќе биде еден од најубавите булевари во Тетово, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот на Општина Тетово. Според неговите информации во текот на 2023 ќе почне втората фаза на експропријација на продолжувањето на булеварот од текстилно училиште до објектот познат како Дамаск на крстосницата со улицата „Киро Ристевски-Дрнц“. -Мислам следната година ќе ја завршиме експропријацијата за втората фаза и ќе почнеме со отворање на булевар на тој дел. Потоа ќе следува и работа на трета фаза до булевар „Илинденска, рече Дурмиши. Деновиве ќе се руши и последната куќа на трасата, откако сопствениците започнаа со преселување. Според општинарите целата постапка за асфалтирање и уредување на продолжението на булеварот ќе заврши во зависност од времето во текот на пролените месеци во 2023 година. За да се продолжи булеварот градежни работи со рушење на објекти започнаа уште во јули 2021 година во време на претходното општинско раководство. За градежни работи општината доби средства од ткн. ТАВ програма, а за експропријација средства од Владата.ас/свс/

Остани поврзан