Се асфалтираат три улици во селото Градашорци, Општина Василево
- Во селото Градашорци, во Општина Василево, се асфалтираат три улици на различни локации и се врши реконструкција пред еден од мостоците.
![Се асфалтираат три улици во селото Градашорци, Општина Василево](https://new.mia.mk/index.php/images/20230725141930_big_730x400_17.webp )
Струмица, 25 јули 2023 (МИА) - Во селото Градашорци, во Општина Василево, се асфалтираат три улици на различни локации и се врши реконструкција пред еден од мостоците.
Како што информираа од Општината, се поставува асфалт на вкупно 912 метри квадратни со должина од 116, 95 и 30 метри и ширина од 3,5 метри.
Според информацијата од Општина Василево, градежните работи почнале пред десетина денови и сега завршуваат, а со асфалтирањето на овие улици се подборуваат условите за живеење во насEленото место Градашорци.
Средствата за асфалтирањето во износ од 1.337.435 денари се обезбедени од општинската каса.рт/бт/
Фото: Општина Василево