• петок, 27 декември 2024

Се асфалтираат „Димо Хаџи Димов“ и „Марко Орешковиќ“ во Кисела Вода

Се асфалтираат „Димо Хаџи Димов“ и „Марко Орешковиќ“ во Кисела Вода

Скопје, 27 февруари 2023 (МИА) - Завршуваат градежните активности за санација на улиците „Димо Хаџи Димов” и „Марко Орешковиќ”. Денеска се асфалтираат овие две улици во урбаната заедница Кисела Вода кои иако се доста фреквентни, не беа обновени години наназад, онезвозможувајќи комодитет при нивното користење. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој, како што информираат од Општина Кисела Вода, денеска присуствуваше на завршните градежни активности им се заблагодари на жителите за трпението и разбирањето додека се одвиваше санацијата и најави дека градежната офанзива за обнова на патната инфраструктура ќе продолжи и во сите останати урбани и месни заедници.

-Денеска, нов асфалт добиваат краците од ул. „Димо Хаџи Димов” и „Марко Орешковиќ”! Овие се доста фрекфентни улици со површина од околу 2500м2 на кои одамна не е интервенирано, а жителите секојдневно ги користат за извршување на своите секојдневни обврски. Пред сѐ, сакам искрено да се заблагодарам на мојот народ за трпението и разбирањето во изминатиот период додека овие краци беа во фаза на реконструкција. Свесен сум дека работните активности додаваа дополнителна доза на нетрпеливост, но крајот од денот сѐ се заврши добро и во иднина нема да ги имаат проблемите од минатото, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. сст/дма/

 

Остани поврзан