• вторник, 24 декември 2024

Сечењето на Амазон во март за 14 отсто поголемо од минатата година

Сечењето на Амазон во март за 14 отсто поголемо од минатата година

Сао Паоло, 7 април 2023 (МИА) – Уништувањето на шумите во бразилската амазонска прашума во март било за 14 отсто поголемо отколку во март минатата година, покажуваат прелиминарните податоци што денеска ги објаве бразилската Влада.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва ја презеде функцијата на 1 јануари, ветувајќи дека ќе стави крај на уништувањето на шумите по долгогодишно неконтролирано уништување на шумите во времето на неговиот претходник Жаир Болсонаро, за време на чиј мандат беше намалена заштитата на животната средина во Амазон.

- Ова зголемување открива дека Амазон продолжува да страда од огромен недостиг на управување и оти новата влада мора итно да дејствува за да го врати капацитетот за борба против еколошкиот криминал, кој беше целосно уништен од претходната влада, рече претседателот на локалната еколошка група „Набљудувачи на климата“ Марсио Астрини. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан