• недела, 24 ноември 2024

СЕФФ: Инвестиции од 1,7 милијарда евра во автопати, дигитализација и во човечки капитал

СЕФФ: Инвестиции од 1,7 милијарда евра во автопати, дигитализација и во човечки капитал
Скопје, 31 мај 2022 Во тек е амбициозна инвестициона агенда во инфраструктурни проекти во земјава. Инвестициите во патната инфраструктура од Коридор 8 и 10, автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Букојчани, железницата, гасификацијата и поврзување со регионот, но и други структурни реформи како дигитализација и инвестиции во човечки капитал, ќе бидат драјвери на растот по кризата и основа за развој на економијата. Ова беше посочено во рамки на четвртиот столб на дискусија за време на СЕФФ конференцијата кој е посветен на предизвиците по кризата - односно како да се осигура одржлив економски раст. Вицепремиерот Артан Груби, кој имаше воведно обраќање за четвртиот панел, посочи дека голем број на фактори ја условуваат одржливоста на економскиот раст. Тој посочи дека аспирациите на нашата држава е да стане дел од ЕУ. Истакна и дека амбициозно се работи на инфраструктурната агенда односно, дека се градат Коридорот 8 и Коридорот 10 помеѓу Прилеп и Битола и автопатот Скопје-Блаце, вклучително и автопатот Кичево-Букојчани, кои достигнуваат вкупна вредност од 1,7 милијарди евра, а бенефитите ќе ги почувствуваат економијата, компаниите и граѓаните. Исто така посочи, железницата долж источниот дел од Коридорот 8, како и западниот дел од овој коридор со Албанија, кој се очекува да започне следната година ќе има значаен удел од економскиот раст. Овој процес ќе биде збогатен со проектите од зелената агенда, одржливата енергија, управувањето со отпад итн. Вториот воведничар во темата, поранешниот британски премиер, Тони Блер, посочи дека за развој на една економија како нашата, потребни се четири важни промени - дигитализација за забрзување на растот, зелена и обновлива енергија, инвестиции во образование и инфраструктура, како и регионална соработка. Претседателката на Европската банка за обнова и развој Одил Рене Басо рече дека ЕБОР ги поддржува пан-европските коридори, железничкиот транспорт, кој е барем 50-60% почист од патниот транспорт. ЕБОР има инвестирано повеќе од милијарда евра во железничкиот транспорт во земјите од Западен Балкан, како и дека е сега вистинско време за инвестиции во инфраструктурата и приближување на земјите од регионот едни кон други, со што би се одговорило и на климатската криза. Претставниците на меѓународните финансиски институции, како ИФЦ и ЕИБ исто така ја изразија нивната поддршка за земјава и регионот во насока на обезбедување на одржлив економски раст. Регионалниот менаџер за Централна и Југоисточна Европа на Меѓународната финансиска корпорација Ари Наим посочи дека не може да се потпираме само на јавни инвестиции, туку да се ангажира и приватниот капитал. Како што посочи, потребни се технички прилагодувања кои подобро ќе ја позиционираат земјата, како и дека време е за повеќе јавно-приватни партнерства бидејќи дистрибуцијата е многу поважна од производството денес. Александро Брагози, раководителот на регионалното претставништво на ЕИБ за Западен Балкан ја истакна важноста на инвестициите во енергетскиот сектор од аспект на зголемување на производството на енергија и заштедата на енергенси. Тој посочи дека повеќе од 3,2 милијарди евра беа инвестирани во изминатите 10 години во Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, но и дека секогаш може уште повеќе. Тој истакна дека покрај развојот на патната инфраструктура, треба да се размислува и за поеколошки транспорт, како железничкиот. Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ ______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан