• четврток, 19 декември 2024

СЕФ-Скопје: Зелената економија како двигател на социјална иновација

СЕФ-Скопје: Зелената економија како двигател на социјална иновација
Скопје, 25 септември 2021 Во фокусот на вториот панел на денешната агенда на Социо-еколошкиот форум Скопје 2021 беше зелената транформација како основа за заздравување на светската економија преку креирање на нови работни места. За зелената економија и нејзината тесна и неизбежна поврзаност со локалната самоуправа на овој панел, насловен „Зелената економија како двигател за социјална иновација“, дискутираа Соња Стаменкова, градоначалничка на Македонска Каменица, Ксенија Остриц, заменик-градоначалничка на Копривница, Република Хрватска , Ласло Андор, генерален секретар на ФЕПС и Денис Жишко од Центарот за екологија и енергија. Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова нагласи дека пред почетокот на нејзиниот мандат, пред четири години, една од главните идеи и заложби ѝ биле Македонска Каменица да стане енергетски независен град и да се зголемат обновлилите извори на енергија. „Тешко е да се презентира ваква идеја пред граѓаните, сакате да помогнете да се зачува животната средина, но и да ги разберете вашите сограѓани. Идејата е едно, но кога ќе видите дека уличните сијалици буквално стојат на дрво, светат без да се исклучат и колкава е штетата врз луѓето и врз буџетот, си велите што треба да се направи за да се постигне баланс, но и да ве разберат луѓето. Треба многу енерија, но напредокот се гледа“, истакна Стаменкова. Во нејзиното излагање, Ксенија Остриц се осврна на фактот дека Копривница во Република Хрватска има многу силен индустриски центар во полето на производство на храна, лекови и амбалажи, но има и историја на одржливи еколошки проекти. Не изостанува ни долгата традиција на велосипедизам и имањето повеќе велосипедски патеки отколку велосипеди по глава на жител, број што ја надминува статистиката на Амстердам, Холандија. Со помош на ЕУ проекти, граѓаните на овој град, исто така, можат беспалтно да го наполнат својот електричен автомобил.  вели Остриц. Генералниот Секретар Ласло Андор потенцираше дека државите мора да се насочат кон општините за разни модели на социјална иновација коишто ќе помогнат да се имплеметира зелениот договор на ЕУ за да може да има одржлива и инклузивна социјална околина. „Европската Унија долго време дебатираше, ми се чини дека дебатата е затворена, дали ни треба нова зелена банка, бидјеќи во многу земји заради најавени инвестициии се основани многу јавни банки. Но не треба да заборавиме дека дека не секогаш се клучни  финансиите , тука еден од одлучувачките фактори се општините , тие треба да воспостават правилни принципи и политики , кажа Андор. Денис Жишко од БиХ кој беше дел од студија за енергетска транзиција за Западен Балкан на овој панел ги презентираше резултатите.  „Тоа  што го кажуваме последните 10 години, мора да почнеме и да го спроведуваме. Зелената транзиција треба да ја предводат локалните власти и ќе знаат во која насока ќе се движи нивната економија“ заклучи Жишко. На СЕФ Скопје следи уште еден панел „Поглед кон иднината: климатска акција - социјална - праведна!“ Социо-еколошкиот форум Скопје 2021 е во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, „Олоф Палме“ меѓународниот центар и Прогрес - Институтот за социјална демократија. СЕФ-Скопје   ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. https://www.youtube.com/watch?v=3GzxzAVQb3A&t=266s

Остани поврзан