• четврток, 26 декември 2024

Сеул бара САД да преземе мерки по извештаите за протечени доверливи документи

Сеул бара САД да преземе мерки по извештаите за протечени доверливи документи

Сеул, 10 април 2023 (МИА) - Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол објави дека тој ќе побара од САД да преземат соодветни мерки во врска со извештаите дека Вашингтон, наводно, ги шпионирал највисоките јужнокорејски безбедносни функционери.

Оттаму посочуваат дека „главен приоритет е проверката на фактите“ и дека не смее да се исклучи потенцијално фабрикување на разузнавачки податоци и мешањето на трети страни во извештаите.

Претходно беа објавени протечени документи во кои се наведува дека САД ги шпионирале украинските воени и политички лидери, како и некои други важни сојузници на САД, вклучувајќи ги Израел и Јужна Кореја.

Ваквите тврдења веќе ги искомплицираа односите со некои сојузнички земји, поставувајќи прашања за тоа дали САД можат да ги чуваат своите тајни, пишуваат американските медиуми.

Висок американски функционер го нарече истекувањето „голем разузнавачки пробив“, а во петокот ФБИ започна истрага и ќе се обиде да дојде до изворот на истекувањето, рекоа официјални лица. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан