• четврток, 19 декември 2024

Сертификати за членови на Дебатниот клуб од Македонска Каменица

Сертификати за членови на Дебатниот клуб од Македонска Каменица

Македонска Каменица, 23 јуни 2024 (МИА) - Членовите на дебатниот клуб од Македонска Каменица ги добија сертификатите од Здружението „Надеж Норе“ за учество во активностите кои здружението ги реализираше во соработка со Младинскиот Образовен Форум (МОФ) од Скопје. Во рамки на активностите прв пат во Македонска Каменица беше отворен дебатен клуб во кој членуваат околу 30 младинци.

-Досега почнувајќи од октомври 2023 одржани се над 30 тренинзи и предавања за дебата и медиумска писменост, младински активизам, младинско застапување и младински политики. Исто така, во текот на месец декември 2023 и мај 2024 година над 20 членови од овој клуб учествуваа и на две државни дебатни првенство на Македонија при што остварија и одлични резултати, истакнаа од здружението „Надеж Норе“.

Во соработка со МОФ како здружение следни планови се тие и наредната година да продолжат со работата на дебатниот клуб во Македонска Каменица.

-Постои можност и за проширување на активностите со отварање и на нови клубови за младински активизам и новинарство. Во текот на летниот период е планирано организирање на бесплатен младински дебатен камп за членовите од клубот, за кој што младите дополнително ќе бидат известени,  додадоа од здружението.

Работата на дебатниот клуб во Македонска Каменица е во рамки на проектот на МОФ, „Младите размислуваат“. Во Македонска Каменица тој е реализиран и со поддршка од страна на СОУ „Миле Јаневски - Џингар“, за што од страна на Здружението „Надеж Норе“ изразуваат огромна благодарност. „Младите размислуваат“ е финансиран од УСАИД, по претходно одобрување од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. вс/мд/


Фото: МИА

Остани поврзан