• среда, 18 декември 2024

Сертификати за грантови на четири организации кои ќе работат на економско јакнење на жените во бизнисот

Сертификати за грантови на четири организации кои ќе работат на економско јакнење на жените во бизнисот

Скопје, 26 април 2024 (МИА) - Друштвото за услуги Консалтинг за стратешки развој денеска додели сертификати за грантови на четири организации, во рамките на Проектот на УСАИД за јакнење на деловниот екосистем. Сертификати за грантови добија Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Сојуз на стопански комори на Македонија, Комора на Република Северна Македонија за приватно обезбедување и Занаетчиска комора - Скопје и тие ќе работат на економско јакнење на жените во бизнисот.

Како што соопштија од Консалтинг за стратешки развој, овие организации ќе спроведуваат активности насочени кон подобрување на постоечки и/или развивање на нови услуги за своите бизнис членки, промоција на економското јакнење на жените и економска рамноправност, како и помош за надминување на последиците од економската криза.

Покрај церемонијата за доделување на грантови, беа одржани и две панел дискусии каде беа претставени проектите на организациите- добитнички на грантови поддршка и очекуваните резултати, како и панел дискусија на тема предизвици и можности на жените во традиционално „машки“ професии.

Заклучокот од панел дискусиите е дека голем дел од предизвиците со кои се соочуваат жените во бизнисот се поврзани со родовите стереотипи и предрасуди, дел од кои водат и до родова поделба на професиите. Нема „машки“ и „женски“ професии, а жените не треба да се насочуваат само кон ниско платени работни места.

Исто така, заклучено беше дека жените треба да имаат пристап до информации, контакти, финансии, пазари како и менторство и специјализирани обуки за да направедуваат на лидерски позиции. Зголемувањето на родовата еднаквост на работното место придонесува за поразвиени и поконкурентни микро, мали и средни претпријатија.

Според говорниците, потребни се конкретни мерки, акции и политики за родова еднаквост со цел да се овозможи инклузивна работна средина и да се поддржи развојот на женскиот потенцијал во приватниот сектор.

Активноста за јакнење на деловниот екосистем кој се спроведува во периодот меѓу 2022-2026 има цел да придонесе кон подобрувањето на продуктивноста, растот и конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија и нивното прилагодување на кризните економски состојби преку подобрени услуги на деловните здруженија во земјава.бт/дма/

Фото: Консалтинг за стратешки развој

Остани поврзан