• вторник, 24 декември 2024

Серија земјотреси во Италија, најсилниот од 4,2 степени во близина на Неапол

Серија земјотреси во Италија, најсилниот од 4,2 степени во близина на Неапол

Рим, 27 септември 2023 (МИА) - Неколку земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се случиле во текот на ноќта во големиот вулкански регион на Флегрејските полиња, во близина на Неапол, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Според сеизмолозите, најсилниот земјотрес е регистриран во 3 часот и 35 минути и бил почувствуван во некои делови на Неапол и околните села, пренесува АНСА.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 3 километри.

Засега нема информации за материјална штета или жртви. паг/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан