• среда, 25 декември 2024

Серијата „Фрејжер“ се враќа со нови епизоди

Серијата „Фрејжер“ се враќа со нови епизоди

Лос Анџелес, 26 јули 2023 (МИА) - Хумористичната серија „Фрејжер“ се враќа на малите екрани. Во октомври следат нови епизоди од продолжението што ќе бидат објавени на стрим-платформата „Парамаунт плус“ (Paramount Plus). Објавена е и првата фотографија од серијата.

И во претстојните епизоди ликот на д-р Фрејжер го толкува Келси Грамер, а во другите улоги се Николас Линдхрст, Токс Олагундоје, Џек Кетмор-Скот, Џес Салгеиро и многу други. Ова, по 2019 година, е прва улога за Линдхрст, кој е можеби најпознат по улогата на Родни во познатата ТВ-серија „Сплетки“ (Only Fools and Horses).

Инаку, во 2020 година за Линдхрст беше објавено дека можеби никогаш нема да ѝ се врати на глумата по ненадејната смрт на неговиот 19-годишен син Арчи.

Ѕвездата на новата серија - Келси Грамер е и продуцент. Можеби една од најголемите причини поради којашто претходно немаше договор за нови епизоди беше високата цена на снимањето, што ги вклучува и високите хонорари на ѕвездите кои благодарение на популарноста на серијата достигнаа завидни бројки.

„Фрејжер“ се прикажуваше од 1993 - 2004 година како одгранок на серијата oд 80-тите - „Кафулето На здравје“ (Cheers). Хитот од 90-тите важи за една од најпопуларните хумористични серии на сите времиња, којашто со своите 11 сезони и 264 епизоди собра 37 „Еми“ награди, како и над 400 други признанија и номинации.  си/

Фото: „Парамаунт плус“

Остани поврзан