• петок, 27 декември 2024

Серена Вилијамс се расплака на прес-конференцијата по елиминацијата на Австралија опен (видео)

Серена Вилијамс се расплака на прес-конференцијата по елиминацијата на Австралија опен (видео)
Мелбурн, 18 февруари 2021 (МИА) - Американката Серена Вилијамс се расплака за време на прес-конференција откако ноќеска загуби од Јапонката Наоми Осака со резултат 3:6, 4:6 во полуфиналето на Австралија опен.

Прво, тенисерката се пожали на голем број грешки, по што еден од новинарите ја праша како се чувствува по напуштањето на Австралија опен, особено со оглед на досегашната добра игра. - Не знам. Јас завршив - одговори Серена и со солзи ја напушти прес-конференцијата. Во финалето Осака ќе се соочи со Џенифер Брејди (САД). зс/    

Остани поврзан