• четврток, 26 декември 2024

Серена Вилијамс елиминирана од Австралија опен

Серена Вилијамс елиминирана од Австралија опен
Мелбурн, 24 јануари 2020 (МИА) - Американката Серена Вилијамс сензационално беше елиминирана во третото коло од првиот Гренд слем турнир за годината - Австралија опен. Триесет и осум-годишната sвезда беше елиминирана од кинеската тенисерка Циан Ванг по 4:6, 7:6 (2), 5:7. Така, Серена, која беше прогласена за фаворитка за освојување на титулата во Мелбурн, ќе мора да почека за освојување на 24-тиот трофеј од турнирите од големата четворка. Интересно е што на претходната средба меѓу нив, 28-годишната Кинескиња загуби за 44 минути од Вилијамс по 1:6, 0:6, а успехот денес може да се дефинира како слатка одмазда за понижувачкиот пораз.

Остани поврзан