• четврток, 19 декември 2024

Сергеј Шојгу пристигна во Северна Кореја

Сергеј Шојгу пристигна во Северна Кореја

Москва, 25 јули 2023 (МИА) – Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска пристигна во Северна Кореја за да присуствува на прославата на 70-годишнината од примирјето во Корејската војна, соопшти руското Министерство за одбрана.

- Руска воена делегација предводена од министерот за одбрана генерал Сергеј Шојгу пристигна во Демократска Народна Република Кореја во Пјонгјанг, се вели во соопштението.

Рускиот министер на аеродромот го пречека неговиот севернокорејски колега Канг Сун Нам, се додава во документот. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан