• сабота, 23 ноември 2024

Серафимовски:ЗНАМ ќе ги поддржи младите во отворањето на сопствени бизниси

Серафимовски:ЗНАМ ќе ги поддржи младите во отворањето на сопствени бизниси

Скопје, 27 април 2024

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска промовираше неколку конкретни мерки, економски приоритети, од Програмата на Движењето за парламентарните избори „Прогласот за достоинствена Македонија“.

Мерките на прес конференција ги претстави магистер Борче Серафимовски.

Тој рече дека за да се подигне и помогне претприемачкиот дух кај младите, а  воедно и да се охрабрат да отворат сопствени бизниси, како и да го искористат својот интелектуален и професионален капацитет и да ја создаваат својата и иднината на своите семејства во сопствената земја, се предвидува давање на долгорочни кредити за новоформираните компании од страна на млади, чии камати ќе ги субвенционира државата.

Исто така се предвидува и финансиска поддршка за отворање бизниси во руралните средини. Ова, како  што рече Серафимовски, со цел да се задржат луѓето во малите места и руралите средини, во кои има недостиг на работна сила поради заминувањааето во поголемите градови или во странство. „Со оваа мерка, додаде тој, - Ќе даваме можност и мотив за повторно рестартирање на потенцијалите и капацитетите на руралните средини во форма на бизниси, а пред се за производство на храна и суровини“.

Движењето ЗНАМ, потенцира Серафимовски,  ќе го укине  данокот за купување на стан во кој живее сопственикот.

„Со оваа мерка ќе се намалат трошоците во постапката на купување на станови и ќе се мотивираатграѓаните за купување на истите се со цел сите граѓани да имаат свој дом“, рече Серафимовски.

Тој додаде дека во делот на социјалната политика ги издвојуваат пензионерите и ранливите и маргинализираните групи на граѓани за што се предвидуваат следните мерки: Усогласување на минималната пензија со минималната плата, потоа тринаесета пензија на крајот на годината, усогласена со ребалансот на Буџетот,како и усогласување и зголемување на земјоделските и социјалните пензии.

„Првата мерка ќе овоможи оваа категорија на граѓани, со најниски пензии, да има достоинствен и спокоен живот, финансиска стабилност и егзистенцијална независност. Дополнителната  пензија за пензионерите ќе биде во форма на субвенција со која истите покрај редовните две квартални зголемување на пензиите ќе добијат и трето годишно зголемување од дополнителни 8.3 проценти, кое ќе произлезе од ребалансот на Буџетот на државата на крајот од годината и пренаменување на средствата дефинирани со закон, наместо како до сега, трошење на истите како непродуктивни трошоци.  Со третата мерка се предвидува зголемување на земјоделските и социјалните пензии од 30 проценти, со цел обезбедување на подостоинствен на земјодлеците и  подигнување на општиот животен стандард на овие граѓаните и нивните семејства“, рече Серафимовски.

Тој исто така, рече дека со овие мерки  Движењето ЗНАМ – За наша Македонија има за  цел, враќање на достоинството на народот, економска стабилност на поединецот, семејствата и правните субјекти.

„Ќе го дадеме својот максимум за да ја направиме  Македонија подобро место за живеење за сегашните и идни генерации и да ги задржиме младите на своите родни огништа, да бидеме свои на своето“, рече на крајот од прес конференцијата м-р Борче Серафимовски.

 

Движење ЗНАМ 

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: Движење ЗНАМ 

Остани поврзан