• четврток, 26 декември 2024

Сепаратистичката ДНР презема дел од украинските трговски бродови

Сепаратистичката ДНР презема дел од украинските трговски бродови
Москва, 31 мај 2022 (МИА) - Дел од цивилните бродови од украинското пристаниште во Мариупол, што е под контрола на руските сили, ќе бидат преземени од трговската флота на сепаратистичката Доњецка Народна Република (ДНР). Претседателот на самопрогласената ДНР, Денис Пушилин истакна дека бродовите треба да се преименуваат и ДНР да добие сопствена трговска флота. - Денеска 2.500 тони топло валани лимови го напуштија пристаништето Мариупол, бродот исплови кон (рускиот град) Ростов на Дон, напиша Пушилин на Телеграм. Тоа е прв брод, откако руските сили го зазедоа украинскиот град Мариупол, што исплови од пристаништето. Според украинските власти Русија го украла металот од Украина. ми/

Остани поврзан