• четврток, 09 јануари 2025

Сепаратистите во Пакистан ја нападнаа владината канцеларија и запалија полициска станица

Сепаратистите во Пакистан ја нападнаа владината канцеларија и запалија полициска станица

Квета, 9 јануари 2025 (МИА) - Десетици вооружени сепаратисти ја зазедоа владината канцеларија и запалија дел од полициска станица во југозападен Пакистан, соопшти денеска локалната полиција.

Забранетата сепаратистичка група наречена Ослободителната војска на Балуџистан ја презеде одговорноста за нападот што се случи вчера во градот Куздар во Балуџистан, голема провинција на југозападот на земјата.

Аналитичарите тврдат дека во таа провинција сепаратистите стануваат голема закана за националната безбедност како и пакистанските талибанци.

Во нападот нема жртви, а бунтовниците побегнале кога пристигнале безбедносните сили, соопштија властите.

Балуџистан бележи пораст на милитантното насилство во последниве месеци, за кое главно се обвинуваат Балуџистанската ослободителна војска и пакистанските талибанци. Балуџистан територијално е најголема, но најретко населена провинција во Пакистан, чии жители, како етничко малцинство, тврдат дека властите ги дискриминираат и ги експлоатираат. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан