• недела, 28 јули 2024

Сензорна соба ќе добие ООУ „Александар Урдаревски“ во Општина Чучер Сандево

Сензорна соба ќе добие ООУ „Александар Урдаревски“ во Општина Чучер Сандево
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - Сензорна соба ќе биде отворена денеска во ООУ „Александар Урдаревски“ во Општината Чучер Сандево, донација од комапнијата Веб Фактори.
На настанот ќе присуствува градоначалникот на Општината Сашко Комненовиќ и директорката на ООУ „Александар Урдаревски“ Сузе Велковска Радевска, која ќе информира за спроведувањето на инклузивни практики во Општината. Ќе бидат присутни и Петар Папиќ од компанијата Веб Фактори, која е донатор на сензорната соба и Елена Мишиќ од Фондацијата „Чекор по чекор“. вг/мд/

Остани поврзан