Сенатот пресуди: Трамп останува претседател на САД
- Од 100 члениот Горен дом на американскиот Конгрес, по првиот предмет 52 сенатори гласаа „не е виновен“, додека 48 гласаа „виновен“. По вториот предмет пак, 53 сенатори одлучија „не е виновен“
Вашингтон, 5 февруари 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, на клучното гласање во Сенатот на САД во рамките на судската постапка за негово отповикување, беше ослободен по двете обвиненија покренати против него.
Со тоа, заврши процедурата за отповикување на претседателот Доналд Трамп, четврти во американската историја. Како и што се очекуваше, резултат од денешното гласање во Сенатот е ослободување од обвиненијата и по двата предмета на импичментот, злоупотреба на власта и попречување на работата на Конгресот.
На тој начин вината од претседателот е симната и тој продолжува да владее како шеф на државата.
Како што беше планирано, гласањето започна во 16 часот по локално време, и се траеше околу половина час. Интересно е да се напомене дека гласањето беше по редослед, по прашање на писарот во салата, секој сенатор гласно ја соопштуваше својата пресуда. Прво гласаа по првиот предмет а потоа и по вториот..
Од 100 члениот Горен дом на американскиот Конгрес, по првиот предмет 52 сенатори гласаа „не е виновен“, додека 48 гласаа „виновен“. По вториот предмет пак, 53 сенатори одлучија „не е виновен“, додека 47 пресудија „виновен“. Разликата е во тоа што еден републиканец, сенаторот Мит Ромни, по првиот предмет пресуди дека Трамп е виновен. Со тоа, Трамп стана прв претседател во историјата на САД, за кого член од неговата партија пресудил дека е тој е виновен.
Како резултат, многу повеќе републиканци пресудија „ не е виновен“, и бидејќи за ослободување се потребни само една третина од 100 члениот Горен дом на американскиот Конгрес, или 34 гласови, вината од Трамп беше симната.
.Од Белата куќа најавија дека Трамп утре ќе има свое обраќање во врска со импичментот.
Одговорноста на претседателот на САД се утврдува во две последователни фази. Првата е отповикување или импичмент, а втората е негова смена од претседателската функци. Според Уставот, Претставничкиот дом на Конгресот на САД е надлежен за отповикување на претседателот, а Сенатот за негова смена. За време на судењето, сенаторите стануваат судии-поротници, кои ја носат конечната одлука. Отповикувањето на претседателот се врши со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Претставничкиот дом, а смената од функцијата со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број сенатори. Првиот импичмент на претседател во САД е покренат против Џон Тилер во 1842 година, кој бил одбиен со мнозинство гласови во Претставничкиот дом. Од вкупно 45 претседатели само против четворица е прифатен импичмент, од кои тројца беа подложени на судење во Сенатот и тоа Ендру Џонсон, Бил Клинтон и Доналд Трамп. Импичментот на Трамп почна на 24 септември 2019 година, по што Долниот дом утврди две основи за одговорноста на Доналд Трамп. Првата е злоупотребата на власта, со вршењето притисок врз странски претседател за своја политичка корист, а втората е опструкцијата на Конгресот на САД. На 18 декември, Претставничкиот дом го отповика Доналд Трамп од претседателската функција со мнозинство на гласови (230 наспроти 198). Трамп е обвинет и за опструкцијата на Конгресот поради тоа што одби да соработува во постапката за импичмент. Исто така, тој побарал членови на власта да не сведочат во Сенатот, ниту да ги даваат бараните документи, без разлика на судските налози. кб/ссм/